Брендирање, Идентитет и Лого Дизајн
- Логото не е Вашиот бренд, ниту пак Вашиот идентитет.
- Дизајнот на логото, дизајнот на идентитетот и брендирањето имаат различни улоги, кои заедно формираат една слика за Вашиот бизнис или производ како ќе го перцепираат останатите.
- Што е бренд? – Перцепирана емоционално корпоративна слика како целина.
- Што е идентитет? – Визуелниот аспект кој е дел од целокупниот бренд.
- Што е лого? – Логото идентификува одреден бизнис во неговиот наједноставен облик преку употребата на знак или икона. За да го објасниме сето ова во повеќе детали, ќе почнеме од почетокот – брендот.
- Што е брендирање?
Брендирањето дефинитивно не е лесна тема – цели публикации и стотици книги се напишани на оваа тема, сепак...
Наједноставно да се опише зборот “БРЕНД” – организација, услуга или производ со карактер кој е обликуван од перцепцијата на публиката. Имајќи го во предвид ова, мора да се напомене дека еден дизајнер не може да “направи бренд” – само публиката го може тоа. Дизајнерот го формира темелот на брендот.
Многу луѓе веруваат дека брендот се состои само од неколку елементи – некои бои, некои фонтови, лого, слоган и можеби и некоја нота на музика.
Во реалноста, брендот е многу покомплициран од тоа. Може да се каже дека брендот е “корпоративниот имиџ”.
Основната идеја и главниот концепт зад имањето на “корпоративен имиџ” е се што една компанија прави, се што поседува и се што произведува треба да ги рефлектира вредностите и целите на бизнисот како целина.
Всушност токму истрајноста и упорноста на оваа основна идеја е тоа што ја прави компанијата тоа што е, што и овозможува да оди понатаму и што покажува за што таа се залага, во што верува и зошто таа постои.
Не се само некои бои, неколку фонтови, лого и слоган, туку многу повеќе.
На пример, ајде да ја разгледаме светски познатата компанија Apple. Apple како компанија проектира хуманистички корпоративна култура и силна корпоративна етика која се карактеризира преку волонтеризам, поддршка на добрите причини и вклучување во заедницата. Овие вредности на бизнисот се евидентни низ се што прават, од нивните иновативни продукти и рекламирање до службата со корисници.
Apple е емотивно хуманистички бренд кој навистина се поврзува со луѓето – кога луѓето ѓи купуваат или ѓи употребуваат нивните производи или ѓи користат нивните услуги тие се чувствуваат како дел од брендот, како едно поголемо семејство. Токму оваа емотивна врска го создава нивниот бренд – не само нивните производи туку и големината на логото.